1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Пакетот за спас на Грција пред одобрување

19 февруари 2012

Министрите за финансии на еврозоната по се’ изгледа утре ќе го одобрат пакетот помош за Грција, иако и натаму се доработуваат последните детали.

https://p.dw.com/p/145co
Фотографија: picture-alliance/dpa

Министерката за финансии на Австрија, Мариа Фектер денеска (19.02.2012) изјави дека еврозоната е на пат да ја одобри големата финансиска помош во висина од 130 милијарди евра која треба да ја спаси презадолжената Грција од банкрот. Министрите за финансии на земјите-членки на еврозоната утре во Брисел треба да ја донесат конечната одлука за тоо. Запрашана дали таа верува дека ќе се постигне договор на утрешниот состанок со кој ќе се овозможи Грција да остане во еврозоната, Фектер изјави: „Во моментов изгледа дека работите ќе одат во таа насока. Утре ќе има интензивни преговори за контролните механизами“, рече австриската министерка за финансии дополнувајќи:

„Јас не мислам дека мнозинството би отишло во друга насока, бидејќи таа друга насока е многу тежок и напорен и чини многу многи пари“.

Symbolbild Griechenland Athen Schuldenkrise Euro
Фотографија: picture-alliance/dpa

Нови протести во Грција

Грчката влада пак доцна синоќа го усвои конечниот пакет мерки на штедење, кој од официјална Атина го бараа Европската унија и ММФ како услов за новиот пакет помош

Одобрувањето од страна на грчката влада претставува формалност, бидејќи официјална Атина минатата недела ги претстави деталите од ребалансот на буџетот и намалувањето на платите во јавниот сектор за 325 милиони евра.

Грчкиот премиер Лукас Пападимос изрази жалење што не можеше да биде избегнато дополнителното намалување на пензиите, но наведе дека тоа се однесува само на пензиите поголеми од 1.300 евра месечно.

Денеска пак во земјата се одржуваат нови масовни протести против пакетот мерки за штедење на владата.

Водечките синдикати од јавниот и приватниот сектор, ADEDY и GSEE, изведоа илјадници свои членови на атинскиот плоштад Синтагма пред зградата на грчкиот парламент.

Автор:СН/ЖА/ртр/миа/миф/афп

Редактор: Жана Ацеска