1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Пазарите повторно и‘ веруваат на еврозоната

ЕМФ/дв24 мај 2013

Европа бележи значителен напредок на патот кој води кон излез од еврокризата, оценува шефот на ЕЦБ, Марио Драги. Монетарната унија, според него, денес е значително постабилна отколку пред една година.

https://p.dw.com/p/18dJj
Фотографија: REUTERS

Колапс на еврозоната речиси веќе воопшто не се споменува меѓу инвеститорите, изјави претседателот на Европската централна банка (ЕЦБ) Марио Драги во Лондон. „Пазарите имаат целосна доверба дека еврото е силна и стабилна валута.“

Болните реформи во земјите во криза носат плодови, тврди Драги: „Тоа може да се види од неверојатното подобрување на извозот на Ирска, Шпанија и Португалија.“ Сепак, според првиот човек на ЕЦБ, ситуацијата во еврозоната останува предизвик, поради падот на економскиот учинок шест квартали по ред и лошата состојба на пазарот на работна сила.

„Повеќе Европа“

Марио Драги е убеден дека еврозоната од кризата ќе излезе посилна. Европа презеде натамошни чекори на интеграција: „Одговорот на кризата не беше помалку, туку повеќе Европа“, вели Драги и додава дека по тој пат треба да се оди и натаму и дека и ЕУ и монетарната унија треба посилно да се интегрираат.