Пад на холандската влада
23 април 2012Холандскиот премиер Марк Руте денеска на кралицата Беатрикс и‘ понуди оставка на неговиот кабинет. Претходно Руте одржа кризна седница на кабинетот, на која била образложена одлуката. Владата нема мнозинство во парламентот, бидејќи поради кратењата на буџетот предизвикани од кризата со еврото ја нема повеќе поддршката од деснопопулистичката партија на Герд Вилдерс.
Министерот за социјала Ханк Камп по седницата на владата најави детали во текот на денов.
Очигледно треба да се очекуваат скори избори.
„Нашата главна задача е одржување стабилни финансии до одржување на новите избори“, изјави министерот за стопанство Максиме Верхаген преку Твитер.
Холандија споредбено има мали државни долгови, но економијата се наоѓа во рецесија. За 2012-та година се предвидува дефицит од 4,6 проценти, што е повеќе над дозволените три проценти во рамките на ЕУ.
Опозицијата најави постигнување договор за буџетот со премиерот Руте за 2013-та година, но под услов да поднесе оставка.
Руте со Вилдерс преговараше за пакет кој предвидува драстично кратење на финансиската помош за странство и побрзо подигнување на старосната граница за пензионирање од 65 на 66 години. Вилдерс изјави дека „пензионерите не смеат да страдаат поради диктатот од Брисел“.