Падобранството како хоби
5 јануари 2014Филип Екснер го живее својот живот. Меѓу другото и во слободен пад. 3.500 скокови за десет години и сѐ уште не му е доста од небото.
„Фасцинанто во суштина е чувството на слобода. Скокаш од авион и од тој момент се движиш во еден вид бестежинска сосотјба. Иако иташ кон земјата, сепак можеш слободно да се движиш во воздух без некакви ограничувања“.
Филип Екснер од Реклингхаузен има 35 години. Екстремниот спортист е златар по професија. За него тоа е успешна комбинација.
„На крајот на краиштата златарот има безгранични креативни слободи. Исто така е кај скокањето. Има многу можности да се реализираш себеси таму горе. Токму така како што секојдневно правиме и овде - на работната маса“, вели тој
По завршената работа оди високо на 6.500 метри. Филип Екснер вежба различни кореографии заедно со другите како него - жедни за небото. За тоа мора многу да тренираат. Да се скока во формација е врвен спорт.
„Од една страна се разбира поради летот. Значи едноставно мора да можеш да леташ. Тоа не е само тапо паѓање. Мора да се лета својот слот. И мислам дека тоа во голема мера е и ментална работа. Бидејќи ние се искачуваме на 6.000-6.500 метри со боци со кислород. На тоа човек не е навикнат. Концентрацијата попушта. За тоа мора да се биде и ментално и физички подготвен. Да се биде фит е составен дел“, објаснува Екснер.
Ништо не се препушта на случајност.
„Од скокот додека не се отвори падобранот има околу 40-50 секунди. Потоа има уште две минути летање со падобранот додека не се слета. Значи вкупно речиси три минути“, вели Филип Екснер.
Три минути полни со адреналин и авантура. Филип Екснер и неговите пријатели и натаму често сакаат да го освојуваат небото.