Падна рекорд на Еуримилионс - добитникот побогат од принцот Чарлс
11 август 2012„Имаме многу шампањ во мраз и очекуваме да го примиме сопственикот на среќното ливче во националниот клуб на лото милионери“, изјави портпаролот на британската национална лотарија.
Мистериозниот добитник ја имал едната шанса во 116.531.800 да се добијат среќните бројчиња. За него тие беа: 50, 21, 17, 48 и 11, а бројките за „среќна ѕвезда“ беа 9 и 10. Извлекувањето на среќниот добитник се одржа во петокот вечерта. За да се стане милионер преку оваа лотарија треба да се погодат седум броја - пет броеви и две „ѕвезди“. Еден лото тикет чини две евра, добитниците се извлекуваат двапати неделно, а во лотаријата учествуваат околу 200 милиони луѓе.
Со својата награда добитникот може да си дозволи да купи 4,5 тони злато, 700 врвни спортски автомобили од Ферари Ф12 Берлинета или, пак, свој сопствен Ербас А350-800.
Победникот ќе ги надмине на листата на британските милионери принцовите Чарлс и Хари, како и познатиот актер Даниел Редклиф, кој ја толкуваше улогата на младиот волшебник во филмскиот серијал за Хари Потер.
Лотаријата Еуромилионс е стартувана во 2004-та година и до сега се игра во девет држави низ Западна Европа: Австрија, Белгија, Велика Британија, Франција, Ирска, Луксембург, Португалија, Шпанија и Швајцарија. Добивките од играта се оданочуваат само во Швајцарија. Пет од топ десетте џек-поти во историјата на Еуромилионс се британски.