Паднаа пресуди за членовите на Франкфурт мафијата
12 јуни 2012Реклама
По 13 години затвор добија Спасе Димовски - Ајдукот и Зоран Манасков – Скршениот, членови на Франкфуртската мафија, обвинети во случајот „Диригент“.
На изрекувањето на пресудите денеска (12.06.) во Основниот суд Скопје 1, Томе Димовски - Томче доби 10 годишна затворска казна, додека пет години Дејанче Андушов-Слон. Останатите 25 од вкупно 29-те обвинети добија пониски казни.
Најголем дел од обвинетите е од Скопје и Велес, а беа обвинети за продажба на хероин во Виена и Франкфурт. Групата беше разбиена кон крајот 2010-та година, во соработка меѓу македонската и австриската полиција.