1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Ракија уби десетици луѓе во Индија

ЕМФ/дпа/бета19 октомври 2013

Од илегално произведен алкохол во Индија се затруја најмалку 37 лица. Најголемиот дел од жртвите се сиромашни работници. Уште 20 лица се во критична состојба.

https://p.dw.com/p/1A2b4
Фотографија: picture-alliance/dpa

Според полициски наводи, алкохолот произведен илегално, бил конзумиран во четвртокот вечерта (17.10) во повеќе села во регионот Азамгар, во сојузната индиска држава Утар Прадеш. Во текот на вчерашниот ден биле пријавени 22 смртни случаи, додека во текот на денешниот ден уште 15. Дел од жртвите починале дома, дел во болница, се вели од полицијата. Состојбата на уште околу 20 селани е критична.

Полицијата го уапсила сопственикот на продавницата каде што се продавал алкохолот, чиј син инаку е исто така меѓу починатите. Освен тоа, поради сомневање за можно занемарување на должноста и дозволување на продажба на отровен алкохол, суспенидрани се осуммина државни службеници и четворица полицајци.

Symbolbild Alkohol Indien trinken
Фотографија: AP

Селаните и работниците кои извршуваат тешка физичка работа често купуваат евтин, илегално произведен алкохол. Смртни случаи по пиење ракија, која често се меша со хемикалии и пестициди, во Индија не се реткост. Во декември 2011 167 луѓе починаа од отровен алкохол.