1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Откриена полско-македонска мрежа на шверцери со цигари

ЖА/бета11 март 2013

Полската полиција откри голема нелегална фабрика за цигари во близина на Лоѓ, во јужниот дел на Полска, каде за полски сопственик цигари за шверц произведувале македонски државјани.

https://p.dw.com/p/17v07
Фотографија: Fotolia/cityanimal

Главен организатор на полско-македонската организирана група и работодавач е 36-годишен Полјак. Осуммина државјани на Македонија биле негови вработени и биле сместени на теренот на фабриката, освен тоа двајца Полјаци биле вработени како обезбедување.

„Во фабриката се запленети два тони тутун, 165 илјади цигари, милион филтери и 700 илјади празни картонски боксови за пакување. Во две хали со површина од по околу 1.500 метри квадратни полицијата нашла технолошка линија за производство на цигари на која работеле осуммина Македонци на возраст од 27 до 60 години“, изјави портпаролката на полицијата во Лоѓ, Јоана Качка.

Сите единаесет мажи се уапсени, а Централното истражно биро ги обвини за учество во организирана криминална група која се занимавала со нелегално производство на цигари. За тоа на обвинетите им се заканува казна од пет години затвор, а на Полјакот, организатор и шеф на нелегалната работа, до 10 години затвор.