1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Откриена измама тешка шест илјади милијарди долари

18 февруари 2012

Мафијашка организација фалсификувала американски државни обврзници во вредност од 6 трилиони долари, што е речиси половина од американскиот национален долг. Осум лица се уапсени.

https://p.dw.com/p/145Ib
Фотографија: fotolia

Во заедничка операција на италијанските, швајцарските и американските власти вчера во Швајцарија биле запленети лажни државни обврзници на САД со номинална вредност од шест илјади милијарди долари, што е речиси половина од американскиот национален долг.

„Лажните хартии од вредност биле пронајдени во три сефа во 2007 година, кога се префрлени од Хонг Конг во Цирих“, соопштија италијанските обвинители.

За време на истрагата уапсени се осум луѓе.

Обвинителите наведоа дека членовите на криминалната мрежа се обиделе да ги искористат обврзниците во земјите со забрзан економски развој или да ги дадат на банките во замена за кредити. Според неофицијални информации, членовите на групата се обиделе во замена за обврзниците да набават плутониум од неидентификувани Нигеријци.

Фалсификуваните обврзници носеле датум од 1934 година.

Автор: БГ/ројтерс/миа

Редактор: Жана Ацеска