1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Отворен 65-от Кански филмски фестивал

Александар Методијев/ап/миа17 мај 2012

Вес Андерсон вчеравечер (16.05) го отвори Канскиот филмски фестивал со филмот „Кралството Изгрев на месечината“ кој претставува ода за младешката љубов. Атракција на отворањето беше Саша Барон Коен.

https://p.dw.com/p/14wsg
Фотографија: Reuters

На Канскиот фестивал има 91 филмско претставување од 30 земји. Саша Барон Коен предизвика внимание меѓу бројните филмски ѕвезди, кои прошетаа на црвениот тепих и се искачија по скалила над кои е портретот на најпознатата блондинка на светот – Мерилин Монро, чија фотографија е избрана за официјален плакат на фестивалот. Коен, или генерал адмиралот Аладин, и во Кан ја промовира својата најнова комедија, во која глуми лик на диктатор. Во текот на денот тој одржа прес-конференција пред хотелот, каде беше донесена камила, а потоа за да привлече внимание генерал адмиралот Аладин се прошета по локалните продавници, следен од бројни фотографи, предизвикувајќи застој во сообраќајот и дополнителни грижи за полицијата. Но, медиумите оценуваат дека тоа е добар начин за промоција на неговиот филм.

Жирито од деветмина ќе треба да донесе одлука за победникот на 65-тото издание на фестивалот, а за таа награда има 22 филма – кандидати. Претседател на жирито е Нани Морети, кој ја ја освои врвната фестивалска награда во 2006-та година.

Frankreich Filmfestival Cannes 2012 Plakat Festivaltheater
Фотографија: Reuters

Предвидениот буџет за годинешниот филмски фестивал во Кан, што трае од 16. до 27. мај, ќе изнесува 20 милиони евра, а заработката од него ќе надмине 130 милиони евра. Половина од буџетот е обезбеден од јавни фондови, преку француското министерство за култура, градот Кан и останатите општински институции. Останатиот износ го финансираат приватни компании, професионални здруженија, како и официјалните партнери на Фестивалот.

На Фестивалот се отворени 3.000 нови работни места. Инаку, бројот на жителите на Кан станува тројно поголемво време на одржување на манифестацијата и надминува 200.000, а хотелиерите во ова гратче на југот на Франција за овие 10-12 дена остваруваат 15 отсто од својот годишен приход.