1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Отворена постапка против АКП во Турција

Исмет Кочан1 април 2008

Европската унија реагира со неразбирање на постапката за забрана на турската владеачка партија, АКП. На партијата и се префрлува дека ја прекршила одредбата за поделна на државата и религијата.

https://p.dw.com/p/DYBF
Уставниот суд во АнкараФотографија: AP

Забрана за партијата би била оправдана само доколку владејачката АКП пропагира насилство или доколку тоа се употребува како политичко средство, изјави еврокомесарот за проширување, Оли Рен. Турскиот уставен суд вчера донесе одлука да отвори постапка по барањето на обвинителството за забрана на владеачката партија. На АКП и се префрлува дека ја прекршила одредбата за стриктна поделба на државата и религијата.