Отворена политичка пресметка
14 август 2008Реклама
Македонскиот претседател Бранко Црвенковски денеска влезе во отворена пресметка со премиерот Никола Груевски. Тој најави враќање во СДСМ. Последните активности на Груевски во однос на барањето за вклучување на проблемот со МПЦ во преговорите со Грција и стравот од грчките воени маневри, тој ги оцени како нерационални и штетни проценки за државата.