Отворање пат кон предвремени избори?
8 април 2008Реклама
Опозиционата ДУИ денеска ќе иницира самораспуштање на македонскиот парламент. Оваа потпишана иницијатива од пратениците лидерот Али Ахмети му ја предочил и доставил на премиерот Никола Груевски на крајот на меѓулидерските средби кои вчеразапочнаа во Скопје на покана на премиерот.
Оваа влада нема капацитет да управува со земјата и да ги реши приоритетите: НАТО и спорот со Грција, вака ги образложи мотивите за иницијативата Рафиз Алити, потпретседател на ДУИ.
За самораспуштањето на Парламентот што отвора врата за нови избори, потребни се 61 глас. Ако кон оваа опција се приклучи и владеачката ВМРО ДПМНЕ, тогаш ќе се формира мнозинство.