1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Осуда на насилството на сириските сили

1 август 2011

Меѓународната заедница најостро го осуди насилството на сириските сили врз сопственото население во градот Хама и неколку други градови. Вчера тие со тенкови навлегоа во Хама, при што биле убиени најмалку 140 лица.

https://p.dw.com/p/127CE
Сириската армија со оклопни возила навлезе во ХамаФотографија: picture alliance/abaca

Генералниот секретар на ОН, Бан Ки Мун побара итен прекин на насилствата и изведување на одговорните пред суд. Американскиот претседател Барак Обама, пак, порача дека ќе се заложи за потполна меѓународна изолација на режимот на претседателот Башар ел Асад.

„Во Сирија работите ќе се подобрат кога ќе почне преминот кон демократија. САД ќе продолжат да го засилуваат притисокот врз сирискиот режим и ќе работат со други држави за да ја изолираат Владата на Асад и да го поддржат сирискиот народ, истакна Обама во декларацијата објавена од Белата куќа.

Syrien Militär Hama
Сириски војници патролираат во ХамаФотографија: picture alliance/abaca

И официјални претставници на САД, Германија, Италија и Франција го осудија напад на сириската армија врз Хама. Германија поднесе и барање за итна седница на Советот за безбедност на ОН.

Вчерашниот напад врз Хама е еден од најсмртоносните во Сирија од 15 март наваму кога демонстрантите првпат излегоа на улиците барајќи демократски реформи, а потоа се свртеа и против режимот на претседателот Башар ал Асад.

Од почетокот на протестите, според наводите на активистите за заштита на човековите права, се убиени повеќе од 1.600 цивили, а Владата се обидува да ги дискредитира противниците, нарекувајќи ги терористи и странски екстремисти.

Автор:СН/ГЧ/дв/макфакс

Редактор: Жана Ацеска