1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Остра осуда за Иран во Советот за безбедност

30 ноември 2011

Иран смета дека резолуцијата на Советот за безбедност на ОН по нападот врз британската амбасада во Техеран е избрзана. Според портпаролот на парламентот тоа може да ја загрози глобалната безбедност.

https://p.dw.com/p/13JMk
Запалено британското знаме пред амбасадата во ТехеранФотографија: FARS

Спикерот на иранскиот парламент го кириткуваше Советот за безбедност на ОН за едногласно усвоената резолуцијата, во која се осудува нападот врз британската амбасада во Техеран и подвлече дека со неа се загрозува глобалната безбедност.

„Избрзаната реакција на Советот за безбедност и осудата на акцијата на студентите е за да се прикријат поранешни злосторства на Америка и на Велика Британија, додека полицијата стори се’ да го оддржи мирот“, изјави Али Лариџани за државното радио. „Ваквата подмолна акција ќе ја дестабилизира глобалната безбедност“, дополни Лариџани.

Советот за безбедност на ОН претходно жестоко го осуди нападот на иранските демонстранти врз британската амбасада во Иран. Советот потсети дека владата на секоја земја е обврзана да ги преземе сите неопходни мерки за заштита на дипломатските и конзуларните претставништва на нејзина територија. Велика Британија во меѓувреме го евакуира својот персонал од амбасадата во Техеран.

Ирански демонстранти вчера во Техеран упаднаа во зградата на британската амбасада и уште едно британско дипломатско претставништво, при што извршиле грабеж, го отстраниле и запалиле британското знаме.

Автор: АТ/ дв/ ројтерс

Редактор: Горан Чутаноски