Остар протест до германската амбасадорка
16 март 2009Амбасадорката Кноц, за време на одржувањето на симулациска игра „Создаваме нова Европа“ во Педагошкиот факултет во Скопје во која учестуваа студенти од повеќе балкански земји, ја пренесе визијата за Македонија во 2020 година на младите луѓе кои учествувале во проектот.
„Во 2020 ќе бидете членка на ЕУ. Ќе имате ново име- ’Северна Македонија’. Владата ќе биде составена од партија со име ’Нова мекедонска партија’, во која членови се Албанци и Македонци. Албанското население ќе го зборува македонскиот јазик, што е случај и денеска, а Македонците ќе го зборуваат албанскиот јазик што ќе го учат уште од детски градинки. Мислам дека ова е убава визија за земјата. Не е нереална, не е утопија. Може да се направи и пред 2020 ако се работи на политички план“, кажа амбасадорката Кноц.
Денеска германската амбасада во соопштение ја дообјаснува изјавата на Кноц.
„Изјавите никако не ја опишуваат германската политика спрема Mакедонија“.
Освен вложениот протест македонското министерство за надворешни работи и укажало на амбасадорката Кноц да се држи во рамките на своите овластувања и надлежности и да не излегува од својот дипломатски мандат.