1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

„Останува горчлив вкус“

ТАЦ/ ФАЦ/ НЦЦ/ дв/ АТ30 ноември 2012

Весниците од германското говорно подрачје во актуелните изданија отстапуваат поголем простор за ослободителна пресуда на бившите припадници на ОВК, која во четвртокот (29.11) ја изрече Хашкиот трибунал.

https://p.dw.com/p/16tT9
Фотографија: AP

Весникот „Тагесцајтунг“ под насов „Останува горчлив вкус“ пишува:

„Пресудата која се слави меѓу приврзаниците на претседателот на Алијансата за иднина на Косово и бивш премиер Рамуш Харадинај, на другата страна се смета како пораз на правдата: Хашкиот трибунал ја потврди ослободителната пресуда од 2008. година. Вината за злосторствата од обвинението не можеше да биде докажана. Оваа вест е дури шлаканица за поранешната главна обвинителка на Хашкиот трибунал Карла дел Понте. Таа беше уверена дека Харадинај и двајцата ко-обвинети допуштиле мачење до смрт на повеќе од 30 Срби и Албанци и потоа барале уништување на сите траги.

Тоа што десет сведоци од тоа време загинаа во сообраќајни несреќи или беа убиени остава простор за бројни шпекулации. Меѓутоа да му се префрли пристрасност на Судот, како што тоа сега се прави во Србија, е погрешно. Судот донесува одлуки врз основа на докази. А тие се слаби. Така судот донесе пресуда, која кога станува збор за жртвите и нивните семејства се чини неподнослива.

За жал, мнозинството албанско насление на Косово, веста од Ден Хаг ја оцени како потврда на независноста на земјата и оправданост за вооружената борба против српското владеење, а не како резултат на еден судски процес. Владеењето на кланот Харадинај на западот на Косово значи ќе продолжи. Меѓународните институции, како и во минатото ќе го прифатат тоа. (...)

На поинаква пресуда се надеваа не само Србите, туку и албанското малцинство во Ѓаково, Пеќ и некои други градови на Косово. На тоа тајно се надеваше дури и владата на Хашим Тачи. Имено Харадинај сега ќе му се спротивстави на својот стар ривал Тачи и ќе испружи рака кон премиерската функција“, пишува коментаторот на весникот „Тагесцајтунг“.

Presseschau
Фотографија: Fotolia

„Според мислењето на судиите на Трибуналот на ОН, нема докази за тоа дека водачот на Ослободителната војска на Косово Рамуш Харадинај знаел за злосторствата на своите луѓе. Кога подоцна во еден сучај дознал за злоставување на затвореници, наводно наредил такво нешто да не се повтори. Добро за Харадинај, лошо за жртвите“, пишува весникот „ФАЦ“ и дополнува: „дека во логорот Јабланица се случувале ужасни злосторства, не се сомневаат ниту самите судии, кои го ослободија Харадинај. Српските политичари се огорчени поради оваа одлука. Но, од 13.000 убиени за време на војната на Косово, 10.500 беа косовски Албанци, а околу 2.100 Срби, од кои речиси половината беа војници и полицајци. За тоа Белград молчи“, пишува „Франкфуртер алгемајне цајтунг“.

„Ноје Цирхер цајтунг“ во текстот за пресудата на Хашкиот трибунал извлекува паралела со славјето од пред две недели во Загреб. Весникот меѓу другото пишува: „На сличен начин како што тогаш на хрватското население, кое се собра на јавните места за во живо, на големи екрани го следи изрекувањето на пресудата на своите сонароници Анте Готовина и Младен Маркач за кратко му застана здивот, така и многу косовски Албанци во утринските часови во четвртокот (29.11) пред ТВ екраните со трепет ги следеа случувањата во Хаг. По изрекувањето на ослободителната пресуда на тројцата обвинети, меѓу нив и поранешниот премиер Рамуш Харадинај, на улиците на Приштина следуваше френетично славје (...) Реакциите на Косово речиси беа идентични на оние во Хрватска пред две недели (...) Во целото славје се заборави на тоа дека во војната со Србите и сопствената страна направи тешки кршења на човековите права“.