Оставка на шефот на агенцијата која го намали рејтингот на САД
23 август 2011Претседателот на американската кредитна агенција „Стандард и Пурс“ се повлекува од функцијата, само неколку недели откако агенцијата во потег без преседан ја намали оценката за способноста на американската Влада да ги враќа своите долгови.
Претседателот Девен Шарма е подготвен за „нови предизвици“, соопшти претставник на „Стандард и Пурс“. Ќе го замени Даглас Петерсон, актуелен извршен директор на Ситибанк.
Во соопштението на „Стандард и Пурс“ не се споменува намалувањето на кредитниот рејтинг на САД, кое на 5 август годинава ги потресе светските пазари и беше дочекана со жестоки критики од администрацијата на американскиот претседател Барак Обама.
Агенцијата не ги споменува ни извештаите дека министерството за правда на САД истражува дали „Стандард и Пурс“ на погрешен начин оценила десетина хипотеки во годините кои и‘ претходеа на финансиската криза во 2008 година.
Автор: БГ/бета/ап
Редактор: Елизабета Милошевска Фиданоска