1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Оставката на Ров, загуба за Белата Куќа

14 август 2007

*

https://p.dw.com/p/BUKd

Белата Куќа во Вашингтон соопшти дека оставката на Карл Ров, советник на американскиот претседател Џорџ Буш, претставува голема загуба. Ров, кој важи за најблизок соработник на Буш најави дека ќе се повлече од функцијата на 31 овој месец. Неговата оставка е во период кога претседателот Буш е соочен со жестоки критики, пред се за војната во Ирак, но и домашните теми како реформата на социјалната програма и законите за имиграција.