1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Оспорена победата на Жерновски

ЖА/макфакс15 април 2013

Управниот суд досега уважи пет од тужбите што ги поднесе ВМРО-ДПМНЕ за општина Центар во вториот круг на локалните избори, со што е оспорена победата на Андреј Жерновски како кандидат за градоначалник.

https://p.dw.com/p/18GFC
Фотографија: MIA

Со ова Управниот суд ја оспорува победата на кандидатот за градоначалник на општина Центар, Андреј Жерновски кој го победи неговиот противкандидат, Владимир Тодоровиќ од коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ со помалку од 1.000 гласови.

Според бројот на гласачи во овие општини, прегласувањето може да влијае на изборниот резултат од вториот круг.

ВМРО-ДПМНЕ поднесе вкупно 34 тужби до Управниот суд на одлуките на Државната изборна комисија којашто ги отфрли сите приговори на партијата за општина Центар. Досега Управниот суд за Центар одби се само две тужби. Исто така Управниот суд досега уважи две од вкупно осум тужби што ги поднесе ВМРО-ДПМНЕ за Струга.