1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Осовременување на македонските гранични премини

12 октомври 2006

Уште еден македонски граничен премин доби компјутерски систем според европските стандарди. Табановце на македонско српската граница влезе во компјутерската мрежа на Шенген зоната.

https://p.dw.com/p/Adbo
Фотографија: dpa

Станува збор за систем за контрола на патници и возила. Засега освен на Табановце, системот функционира уште на четири гранични премини. На Блаце, Богородица и на Скопскиот ареодром кои важат за најфрекфенти. Системот дава увид во мрежата на податоци на Шенген земјите и тоа за украдени возила и за лица по кои е распишана потерница. Министерката за внатрешни работи Гордана Јанкуловска вели дека новиот систем ја приближува Македонија до Европа.

“Со имплементацијата на овој систем кој во моментов е во својата прва фаза и е имплементиран на 4 гранични премини во Република Македонија ќе постигнеме поголема ефикасност во проверката на возилата и контрола на патниците кои влегуваат во Македонија, а со тоа и поголема заштита на територијанлиот интегритет на земјата во однос на заштитата од преминување на патници и возила кои по која било основа се наоѓаат на некоја од стоп листите“, изјави Јанкуловска.

Поврзувањето на комјутерските системи во заедничка мрежа е една од задачите кои Европа и ги постави на Македонија, за либерализација на визниот режим. За да може да смета на тоа, Македонија треба да изготви и нови пасоши.

Јанкуловска признава дека земјата ќе задоцни со исполнувањето на вториот од трите услови. Новите пасоши наместо есенва како што предвидува договорот со германската компанија Гисеке и Девриент, ќе бидат готови во првата половина од идната година. Трет услов за либерализација, се договорите за реадмисија. Тие треба да гарантираат дека македонските граѓани што ќе бидат фатени без регулиран престој во некоја европска земја ќе бидат вратени во Македонија. Пред десетина дена властите во Скопје таков договор потпишаа со Холандија. Недостигаат договори со уште неколку земји со кои се водат преговори за да се комплементира и овој услов.