1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Ослободителна пресуда за Бошковски, Тарчуловски осуден на 12 години затвор

Гроздан Попов10 јули 2008

Хашкиот трибунал ги соопшти пресудите во случајот против поранешниот министер Бошковски и поранешниот полициски функционер Тарчуловски. Бошковски доби ослободителна пресуда, додека Тарчуловски е осуден на казна затвор.

https://p.dw.com/p/EZvo
Поранешниот министер за внатрешни работи Љубе БошковскиФотографија: AP

Тричлениот судски совет на Трибуналот во Ден Хааг ја објави пресудата за случајот Љуботен. Поранешниот министер за внатрешни работи на Македонија Љубе Бошковски е прогласен за невин по сите точки на обвинението на Карла дел Понте. Поранешниот полициски функционер Јохан Тарчуловски доби казна затвор од 12 години за настаните од 12 август 2001 година во селото Љуботен.

Судскиот совет на Хашкиот трибунал, предводен од судијата Кевин Паркер во пресудатана наведува и дека екс министерот ги презел сите мерки, со ништо не ја задскиривал акцијата, што е доказ дека министерството за внатрешни работи на Македонија и поранешниот министер не го запоставувале случајот.