1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Ослободени три жени робинки во Лондон

ЕМФ/афп/ртр21 ноември 2013

Британската полиција ослободи три жени кои со децении биле држени најверојатно како робинки во куќа во Лондон. Уапсени се две лица.

https://p.dw.com/p/1AM5M
Фотографија: Reuters

Полицијата денеска (21.11.) ослободи една 69-годишна жена од Малезија, 57-годишна жена од Ирска и една 30-годишна Британка, за кои се претпоставува дека биле држени со децении во куќа во Лондон како робинки. Трите жени, според првичните сознанија, биле искористувани од страна на маж и жена (двајцата на 67-годишна возраст) кои се уапсени.

Полицијата соопшти дека трите ослободени жени се „екстремно трауматизирани“. Тие се однесени на сигурно место. Организацијата „Фридом Черити“, која се бори против ропство и принудни бракови, и‘ дала информации на полицијата за трите жени. Претходно, според полициски наводи, една од жените, која била затворена повеќе од 30 години, се јавила во организацијата. Таа за „Фридом Черити“ дознала преку документарна емисија на телевизија.

Според Глобалниот индекс на ропство, објавен минатиот месец, во 162 земји во светот како робови живеат околу 30 милиони луѓе.