1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Ослободени мировниците во Дарфур

21 февруари 2012

Бунтовниците во кризниот судански регион Дарфур соопштија дека ги ослободиле сите 49-мина припадници на меѓународните мировни сили. Во нивни раце се‘ уште се тројца киднапирани Суданци.

https://p.dw.com/p/146KC
Фотографија: UNAMID/AP

Според информации на бунтовниците, се проверува дали тројцата Суданци се припадници на суданските тајни служби. Портпарол на ОН соопшти дека тројцата Суданци работеле за ослободените припадници на сините шлемови, односно за заедничката мисија на ОН и на Африканската унија во Судан.

Движењето за правда и еднаквост и другите бунтовнички групи на неарапските племиња се борат против владата во Картум. Според проценките на ОН, досега во судирите во оваа западносуданска област се убиени повеќе од 300 илјади лица, а раселени се речиси два милиони жители. Според властите во Картум, во судирите има вкупно десет илјади жртви. Суданскиот претседател Омар ал Башир е обвинет од Меѓународниот кривичен суд за геноцид, злосторства против човештвото и воени злосторства во Дарфур.

Автор: ЕМФ/миа/дв

Редактор: А. Трајковска