Осама бин Ладен – најава
7 септември 2007Реклама
Апсењето и ликвидирањето на лидерот на терористичката мрежа Ал Каеда, Осама бин Ладен претставува “апсолутен приоритет“ на САД – изјави синоќа советникот на претседателот Џорџ Буш за внатрешна безбедност Френсис Таузенд. Тој додаде дека САД успеале да уапсат многумина од водачите на Ал Каеда, но прва и основна цел останува Бин Ладен.
Повод за реакцијата на Таузенд е најавата за нова видео порака на Осама бин Ладен по повод шестата годишнина од нападите врз САД на 11-ти септември 2001-та година. Со најавата на една исламистичка интернет страната веќе е објавена и слика од Бин Ладен, која би требало да потекнува од новата видео порака. Последната видео порака на организаторот на терористичките на напади врз САД беше објавена во 2004-та.