Осама бин Ладен – најава
7 септември 2007Реклама
На една исламистичка интернет страна се појави најава за скорешно објавување нова порака на лидерот на терористичката мрежа Ал Каеда, Осама бин Ладен. Повод за најавената порака е наближувањето на шестата годишнина од нападите врз САД на 11-ти септември 2001-та година. На интернет страната веќе е објавена слика од Бин Ладен која би требало да потекнува од новата видео порака. Последната претходна видео порака на организаторот на терористичките на напади врз САД беше објавена во 2004-та. САД распишаа голема награда за информации за местото на кое се наоѓа Осама бин Ладен.