Организацијата за исламска соработка повика на признавање на Косово
18 ноември 2012Министерскиот совет на Организацијата за исламска соработка усвои резолуција со која сите земји-членки на оваа организација се повикуваат да ја признаат независноста на Косово, која, како што се наведува во соопштението, се заснова на правото на слобода и на суверенитет.
Министерскиот Совет го поздравил напредокот на Косово кој се отсликува во јакнењето на демократијата и владеењето на законите, како и во остварувањето на улогата на институциите и во територијалниот интегритет, што севкупно придонесува за мир и стабилност како во земјата, така и во целиот регион.
Донесувањето на вакца резолуција било иницирано од страна на Турција и на Албанија, а за нејзино усвојување лобирал и шефот на косовската дипломатија Енвер Хоџај, кој за време на состанокот на министрите за надворешни работи на организацијата разговарал со голем број свои колеги. Хоџај за време на министерската конференција оддржал и говор во кој од земјите -членки на Организацијата за исламска соработка побарал да го признаат независно Косово