1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Оправдан ли е оптимизмот на Буш за мирот на Блискиот исток?

Philipp, Peter11 јануари 2008

Главната изјава на американскиот претседател Џорџ Буш на блиско источната турнеја беше дека Палестинците и Израелците можат да склучат мировен договор за една година. Посетата и клучната изјава ги коментира Петер Филип.

https://p.dw.com/p/CoKq
Џорџ Буш на прес конференцијата во РамалаФотографија: AP


Маглата што го натера виоскиот гостин од Вашингтон да се префлри од безбедниот хеликоптер во автомобил на патот кон Рамала – се разиде. Она што остана меѓутоа е маглата поврзана со натамошниот равој на блиско-источниот мировен процес.


Секако дека никој сериозен набљудувач не очекуваше од Буш за време на посетата на Ерусалим и Рамала да донесе некакво соломонско решение за конфликтот што трае повеќе децении. Но, некои експерти можеби со право се прашуваат дали американскиот претседател не ја гледа целата ситуација со розови очила. Особено по прашањето на клучната изјава од турнејата, имено дека е можен мировен договор меѓу страните во конлфиктот уште пред неговото заминување од функцијата точно за една година.


Во вакви тешки случаи оптимизмот е секако подобар од скеспата и песимизот. И затоа е и исправно што Буш ги охрабри Израелците и Палестинците да седнат на искрени и чесни преговори и да се обидат да најдат решение за проблемот, околу чие решавање безуспешно се трудеа неброени посредници.


Сепак мора да се забележи дека со пријателски и необврзувачки совети тешката задача не може да се заврши. Така Буш не ги искажа решителните зборови на кои сите се надеваа. Кога беше во Ерусалим тој го повика палестинскиот претседател Махмуд Абас да ги спречи ракетните напади на палестинските екстремисти врз израелска територија. Иако при тоа мниогу добро знае оти Абас нема контрола врз Појасот Газа од каде доаѓаат т.н. касам ракети и каде власта ја има радикалното движење Хамаз.


Исто така Буш во Рамала се изјасни проти распарчувањето на палестинските автономни територии преку градењето на нелегалните еврејски населби. За тоа дури најде и добар израз: тој порача дека палестинската држава не може да функционира како швајцарско сирење.


Но, не постои доказ дека тој на Изрелаците недвосмислено им рекол оти очекува од нив да се повлечат од сите автономни подрачја на Палестинците. Наместо таквите јасни зборови тој раскажуваше дека постојат „алтернативни визии„ што се единственото средство против терористите. При тоа Буш има право, бидејќи Палестинците ќе претстанат да им даваат поддршка на радикалните групи во сопствените редови само ако претседателот Абас успее да ги увери оти ќе може да им го обезбеди по мирен пат она, по што сите тие сонуваат: сопствена суверена држава, во која ќе можат да живеат во мир и безбедност.


Палестинците и арапскиот свет бараа од Буш да изнуди остапки од Израел. Буш меѓутоа не беше подготвен на таков чекор. Израел имено со години му ветува на Буш и на целата американска политика дека ќе се откаже од нелегалните населби на Западниот брег на реката Јордан. Но, тие и понатаму постојат, па дури и се зголемуваат. Се‘ додека американскиот претседател го толерира ваквото однесување на Израелците, нема да има доволна подлога на доверба, која пак е неопходна за склучување мировен договор меѓу двете страни во деценискиот конфликт.