1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Опомена за реформи и предупредување од Иран - Буш во Абу Даби

Бјерн Блашке14 јануари 2008

Американскиот претседател Џорџ Буш во говорот во Абу Даби, ги повика сојузниците од светот да заземат заеднички став против Техеран пред да биде предоцна. Но тоа не беше се’,за арапските сојузници донесе и други пораки.

https://p.dw.com/p/CpCG
Џорџ Буш во Абу ДабиФотографија: AP

Кога американскиот претседател Џорџ Буш слета во Абу Даби, во Обединетите Арапски Емирати почна да врне, првпат годинава, и иако дождот му приреди потешкотии на протоколот, тој во арапскиот свет сепак се смета за добар знак.

Абу Даби е една од повеќето страници на американскиот претседател во рамките на неговата блиско источна турнеја. Во говорот кој таму го оддржа претседателот Буш прво ги истакна заслугите за Блискиот исток во светската историја.

Буш: Иран го поддржува тероризмот

Исламот го нарече толерантен, но дека во регионот се злоупотребува од страна на екстремистиите, кои се поддржувани од Иран смета Буш. „Иран во моментов во светот, води во поддршката за тероризмот. Земјата испраќа стотици милиони долари до екстремистите ширум светот, додека неговиот сопствен народ е потиснуван и е конфронтиран со економска беда. Иран ги уништува надежите на Либан за мир, со тоа што ја вооружува и финансира терористичката група Хезболах.“ рече Буш и дополни дека земјата поддржува и други терористички групации и го дестабилизира регионот со скривањето на нуклерарната програма.

Опомена од Ал Каеда и Иран

Во овој контекст Буш не ја спомна Сирија, иако американскиот претседател не ја испушта можноста да го обвини Дамаск заедно со Иран дека поддржува тероризам. Имено тоа го стори во Кувајт, но во меѓувреме американскиот генерал во Ирак Дејвид Петресу дојде со нови информации за претседателот и најде пофални зборови за соработката на Сирија. Сепак во Абу Даби Буш опомена еден друг стар противник „ Друга причина за нестабилност се екстермистите на Ал Каеда и нивните приврзаници.“

Ал Каеда и Иран - според Буш се главните извори за злото во светот, тие според него се главната закана за САД и за сите Арапи кои живеат во мир.

Мора да се зајакнат демократските институции

Буш ги опомена и нивните сојузници во арапскиот свет: во изминатите години е постигнат голем напредок во регионот на пример во Обединетите Арапски Емирати или Јордан, сепак мора да се зајакнат демократските институции и слободата на милењето а опозиционерите не смеат да завршат в затвор рече Буш и дополни „Знаеме дека демократијата е единствена форма на владеење, која секој поединец го третира со достоинство и еднаквост, вредности на кои секој има право. “