1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Опозијата со тесна победа на изборите за ЕП во Бугарија

21 мај 2007
https://p.dw.com/p/Anww

На првите избори во Бугарија за европскиот парламент според прелиминарните резултати победи новоформираната опозициска партија на десниот центар ГЕРБ. Изборната комисија соопшти дека партијата предводена од градоначалникот на Софија, Бојко Борисов со освоени 21,7 насто, е во тесно водство пред владејачката Социјалистичка партија која има 21,4 насто од гласовите. Големо изненадување е Партијата на Турците коалиционен партнер во владата која со освоени 20 насто гласови е на третото место. Инаку изборите беа одбележани од слабиот одзив од само 30%. Бугарија од 1 јануари оваа година е полноправна членка на Европската Унија.