1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Операција „Набуко“ за независност од рускиот гас

Андреас Мајер-Фајст29 јануари 2009

По последниот спор со гасот меѓу Украина и Русија, ЕУ ги забрза плановите за почеток на изградбата на гасоводот „Набуко“. Гасоводот треба да носи гас до Европа од Каспиското Море, заобиколувајќи ги Русија и Украина.

https://p.dw.com/p/Ghng
За „Набуко“ ќе бидат потребни 200.000 цевкиФотографија: AP

Коцката е фрлена. Европа сака да се ослободи од зависноста од руските испораки на гас. Спорот меѓу Русија и Украина во некои европски земји доведе до сериозни прекини во снабдувањето со гас. Вакви случаи за неколку години би требало да станат историја, најави унгарскиот премиер Ѓурчањи на меѓународната средба во Будимпешта, организарана од чешкото претседателство со Унијата. „Европа мора да стане понезависна и побезбедна, кога е гасот во прашање. Гасоводот ’Набуко’ ќе придонесе за ова“, изјави унгарскиот премиер.

Се` поголема потреба од енергија

Internationales Treffen zum Nabucco Pipeline Projekt
Политичка волја има - Премиерот на Чешка заедно со неговиот унгарски колегаФотографија: AP

Не се знае на кого му текнало името „Набуко“, но во истоимената опера на Верди се зборува за ослободување од вавилонското ропство. Во европскиот случај, пак, се работи за постигнување независност од руските испораки на гас. Новиот гасовод ќе ги заобиколува и Русија и Украина, а гасот ќе доаѓа или од Азербејџан или од Иран. Ова е неопходно за Европа да биде сигурна дека секогаш ќе биде снабдена со гас, вели Бернд Пфафенбах, државен секретар во германското Министерство за економија: „Европа во иднина ќе има се` поголема потреба од енергија, затоа ни се потребни различни извори и лиферанти“, истакна Пфафенбах.

Новиот гасовод е веќе прецизно испланиран. Во проектот се вклучени некои од најголемите европски енергетски концерни. Менаџерот на германскиот концерн РВЕ, Штефан Јудуш, гледа големи предноси за самите потрошувачи: „Со ’Набуко’ германските потрошувачи ќе добиваат повеќе гас и по поевтини цени, бидејќи ќе има конкуренција на пазарот.“

Се очекува поддршка од политичарите

BdT Deutschland Hannover Messe Nord Stream Russland Gas
Европа нетрпелива да се ослободи од зависноста од руски гасФотографија: AP

Сепак, не е се` така евтино. За потфатот „Набуко“ ќе бидат потребни околу осум милијарди евра: 200.000 цевки треба да го поврзат Каспиското Море со Австрија и Германија. „Првите испораки треба да ги имаме во 2013-2014 година“, е оптимистичката прогноза на менаџерот на РВЕ, Јудиш. Тој смета дека само во првата година од функционирањето „Набуко“ ќе замени десет проценти од руските испораки на гас, со тенденција уделот и понатаму да се зголемува. По години натегања, менаџерот на проектот, Рајнхард Мичек, со олеснување гледа на плановите: „Убедени сме дека политичарите ќе ни дадат целосна поддршка“, изјави Мичек.

Сепак, независноста од рускиот гас скапо ќе ја чини Европа. На почеток се предвидени 200 до 300 милиони евра, а целосниот финансиски придонес на ЕУ би требало да достигне две милијарда евра. Конечните одлуки околу финансирањето треба да бидат донесени во мај, кога европските премиери уште еднаш ќе се сретнат во Прага.

А од каде ќе доаѓа гасот?!

Türkei Flagge Karte
Турција ќе овозможи транзит, ама бара прием во ЕУФотографија: AP Graphics/DW

И додека финансиите можеби и не се толкав проблем, политички погледнато, изградбата на гасоводот можеби и нема да оди толку глатко. Турција, која е една од најважните транзитни земји, е расположена за соработка, но за возврат сака да види напредок во преговорите за членство во Унијата. Отворено останува и најважното прашање - од каде, всушност, ќе доаѓа новиот гас за Европа? Азербејџан изрази подготвеност да испумпува гас, ако смета дека цената му одговара. Но, без дополнителни достави од Иран, европскиот гасовод ќе остане полупразен. Засега иранскиот гас од европска политичка перспектива не е спорен, но не значи и дека ќе остане така. Веќе има сигнали дека ова би можело да се промени.

Обесштетување не е најдобра идеја

Се` додека „Набуко“ не биде готов, Европа и понатаму зависи од Русија. Затоа државниот секретар од Министерството за економија, Пфафенбах, не ја смета за добра идејата да се бара надомест за штетите настанати од последниот спор околу гасот меѓу Украина и Русија. „Барање оштета е сериозна работа, а меѓу другото и не одговара на начинот на кој вообичаено се справуваме со проблемите“, вели Пфафенбех.

Унгарија побара од ЕУ да почне судска постапка против Русија и Украина, но сепак не дојде до ова.