1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

„Операција Валкира“ ја подели германската критика

ДВ/T.T.21 јануари 2009

Филмот во кој Том Круз е во улога на пруски офицер кој учествувал во заговорот за атентат врз Адолф Хитлер, само неколку дена пред распадот на Третиот Рајх е еден од најочекуваните и најконтроверзни остварувања сезонава.

https://p.dw.com/p/GdU6
Критиката најмногу му забележува на неговиот контроверзен животен стил - Том КрузФотографија: picture-alliance

Една недела по неговата официјална премиера во Холивуд, филмот „Операција Валкира“ од денеска(22.01.2009) се дава по германските кина.

Критичарите се поделени во однос на Том Круз и неговата улога на Клаус Шенк Граф фон Штауфенберг. Дел од критичарите упатија остри зборови на сметка на актерот, додека други го фалат филмот и мило им е што еден домашен херој, како Штауфенберг, конечно се пробива во светот.

На критиката не и` се допаѓа животниот стил на Круз

Tom Cruise Christian Berkel Operation Walküre
Том Круз и германскиот актер Кристијан Беркел на берлинската промоција на филмотФотографија: AP

Сепак, дел од критиките за Том Круз немаат никаква врска со неговите актерски способности, туку се поттикнати од неговиот контроверзен животен стил и неговата преданост кон сциентолошката црква, која во Германија се смета за опасна религиозна секта. Од овие причини властите во Берлин на почетокот не и` дозволија на филмската екипа да снима одредени сцени во зградата во која атентаторите беа убиени. Сепак, подоцна го променија мислењето, откако ја сфатија големата медиумска важност на тоа што една од најголемите холивудски ѕвезди го портретира германскиот борец, кој се осмели да им се спротивстави на нацистите.

Том Круз знае како да привлече внимание

Но, без оглед на се`, едно е сигурно - Том Круз привлекува внимание. Тој во вторникот (20.01.2009) повторно допатува во Берлин, овојпат за да присуствува на германската промоција на неговото најново филмско остварување. Запрашан која е пораката што ја носи овој историски трилер, Круз изјави дека сакал да покаже дека „постои и добар Германец, спротивност на Хитлер.“

Filmstill Walküre Tom Cruise
Сцена од филмот, кој од четврток (22.01) ќе почне да се прикажува низ германските кинаФотографија: AP