1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

250208 OPEC Geschichte

Петер Филип 2 март 2008

На новата средба на министрите на Организацијата на земјите произведувачи на нафта, ОПЕК, во седиштето на организаицијата во Виена главна тема треба да бидат квотите на црпење нафта. Но кој е ОПЕК и од кога постои

https://p.dw.com/p/DE5H
ОПЕК - ВиенаФотографија: AP
Кога американскиот претседател Џорџ Буш во јануари беше во посета на Блискиот исток, главна цел не му беше само да го поттикне Блиско источниот мировен договор, или обезбедување поддршка за стратегија против Иран. Цел на посетата беше и нафтата, нејзината цена и влијанието врз светската економија. Во Саудиска Арбија Буш ги предупреди своите домаќини, еден од најважните членки на ОПЕК „Се надевам дека ОПЕК, кога ќе дискутира за новите производствени количини - како наш најголем испорачател ќе разбере дека ќе се купува помалку, ако нашата економија е слаба.“ Притисок од страна на ОПЕК? Буш не остави голем впечаток кај Саудијцијте, кај другите пак ваквите зборови предизвикаа лоши сеќавања: на почетокот на 70тите години, цаната на нафтата беше малку повисока од три долари за барел, денеска изнесува 100. Натамошни покачување се сметаат за разбирливи сами по себе. Многумина, овие покачувања на цената веќе одамна ги гледаат како средство за притисок на ОПЕК, како што беше нафтениот бојкот од времето на октомвриската војна во 1973 година.
OPEC_OEL_FRA105_43235772010.jpg
Црпење на нафтаФотографија: AP
Организацијата во Виена сега се обидува да негира ваквите стравови и притоа да остави впечаток дека води одговорна енергетска политика, ја спушта топката алжирскиогт министер за нафта Чекип Келил „Снабдувањето ќе биде осигурано. Ако има побарувачка, таа ќе биде и задоволена. Не верувам дека светската економија треба да биде загрижена поради недостаток на нафта. Повеќе би требало да се грижи за финансиската криза во моментов и нјезиното влијание врз светскиот пораст.“ Кога е формирана организиаицјата?
Ölraffinerie in Saudi Arabien
Нафтена Рафинерија во Саудиска АрабијаФотографија: dpa
Ирак, Иран,Кувајт, Саудиска Арабија и Венецуела го основаа ОПЕК на 14 септември 1960 година во Багдад. Денеска организацијата брои 13 членови кои контролираат една четвртина од светските резерви на нафта и околу 40 проценти од вкупното црпење на нафта. На почетокот на своето форимирање организацијата се залагаше да се спроведе процесот, нафтените извори да се префрлат во рацете на државата и во форма на картел да се утврдува количеството нафта што ќе се црпи. Во почетната фаза се мислеше уште подалеку: Шахот, кој тогаш беше на власт во Ирак на средбата на ОПЕК во Техеран 1971 година рече „Најдобро би било, кога самите би произведувале, би ја реафинирале нафтата и би ја преработувале во различни производи. Така нафтените здруженија и организации - зависи од другата страна - би доаѓале овде или во други земји каде се врши производство единствено и само како купувачи.“ Што предизвика брзо покачување на ценатат на нафтата? Падот на Шахот, Исламската револуција и кратко потоа долгата иранско - ирачка војна предизивикаа растење на цената на нафтата, која потоа повоторно падна: Се отворија нови извори на нафта, на пазарот се појавија нови производителите надвор од земјите на ОПЕК, а индустриските нации почнаа да бараат алтернативи. Кратко време за воздишка, за потоа кризите и војните да се погрижиат за нов рекорд во побарувачката на нафта. Пред се’ со огромниот пораст на Кина, која користи речиси една четвртина од потребита на нафта. На тој начин цената на нафтата во последните четири години речиси се удвои икао истовремено се пораснати и познатите нафтени резерви. ОПЕК како партнер Имајќи ги в предивид овие факти, улогата на ОПЕК веќе одамна се смени. Организацијата не е борбен иснтрумент на нејзините членови, туку сака да настапи како партнер. Застапниците на ОПЕК притоа мора да се борат против старите предрасуди, тие постојано мора да разјаснуваат дека растечките цени на бензинот биле предизвикани од високото оданочување, дека не сакаат да ги стават потрошувачите под притисок. Уверува и генералниот секретар на ОПЕК, Абдула ал Бадри „Прво ги гледаме интересите на нашите земји членки, но сакаме да видеме и изедначен пазар. Ние не сме за дефицит на пазарот. Ние нема да се двоумиме да го зголемиме или намалиме прозиводството, ако пазарот го диктира тоа“ смета Абдула Ал Бадри.