1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

ОН - се‘уште далеку од милениумските цели

Томас Нелс26 септември 2008

Во Њујорк се одржува самит на ОН, на кој треба да се извлече меѓубиланс во борбата против сиромаштијата и гладот во светот. Германската министерка за развој Хајдемари Вичорек Цојл- има уште многу до милениумските цели.

https://p.dw.com/p/FOhs
До 2015-та година треба да биде преполовена сиромаштијата во светотФотографија: AP

Кога се работи за реализирањето на милениумските цели, за Хајдемари Вичорек Цојл чашата е дополовина полна. Во борбата против сидата, маларијата и туберкулозата здравствените државни фондови постигнаа многу, изјави министерката. Освен тоа, во Африка сега училиште посетуваат 29 милиони деца повеќе. Од друга страна, годишно се‘уште десет милиони деца не ја преживуваат петтата година, а 600 илјади жени од година во година умираат за време на бременоста.

Armut in Afrika
Голема смртност на децата и бремените жени во АфрикаФотографија: AP

За ова не се причина само недоволните финансиски средства, туку и политичките прилики во некои земји, изјави Вичорек Цојл пред новинарите.

„Државите во кои се води граѓанска војна имаат најголеми тешкотии да ги постигнат милениумските цели. А донаторите мора подобро да се координираат, за да се подобри ефикасноста и квалитетот на нашата соработка во областа на развојот.“

Целите се сепак достижни

Хајдемари Вичорек Цојл во воведното излагање за реализираното во милениумските цели во делот за Африка апелираше на совеста. Таа пледираше за поодговорни влади кај неразвиените земји, а кај земјите кои даваат пари, со оглед на актуелната финансиска криза, да не ги доведат во прашање даданите ветувања, напротив:

„Јас тоа го гледам обратно. Секој разумен човек би се прашал, ако на американската влада и на Конгресот им успее со троцифрени милијарди да го спасат банкарскиот систем, зошто не би било можно меѓународната заедница да мобилизира такви суми за да го спаси светот од глад и сиромаштија и од идни војни?, прашува Вичорек Цојл.

Heidemarie Wieczorek-Zeul
Германската министерка за развој Хајдемари Вичорек- ЦојлФотографија: AP

И парите, кои генералниот секретар на ОН Бан Ки Мун ги побара за Африка, 72 милијарди долари или 50 милијарди евра годишно, според германската министерка за развој не се недостижни. Таа има искуство во оваа област, зашто со години се обидува да помогне, секојдневно движејќи се во телата на Светската банка и на другите институции за развој.

Договор против затајувањето данок

Во Њујорк таа сака да се најде и дополнителен извор за пари:

„Јас сакам да постои меѓународен договор, зад кој ќе стојат сите оние, и од индустриските и од државите во развој, кои сакаат да го спречат затајувањето на данок. На двете страни овој феномен годишно однесува близу 500 милијарди долари. Тоа значи, тоа се суми кои би биле остварливи, како во нашите земји, така и во оние во развој“, објаснува германската министерка за развој Хајдемари Вичорек Цојл.