1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

ОН сакаат да испратат пратеник во Сирија

23 февруари 2012

Генералниот секретар на ОН Бан Ки Мун поради крвопролевањето во Сирија има намера да ја испрати Валери Амос како свој пратеник во таа земја.

https://p.dw.com/p/147xe
Валери АмосФотографија: picture-alliance/dpa

Веднаш штом сириските власти дадат дозвола, Валери Амос ќе отпатува на лице место да ја согледа ситуацијата, изјави портпарол на ОН во Њујорк. Во писмо до земјите членки на светската организација, Амос напиша дека во бегство се најмалку 100.000 Сиријци.

Според наводи на активисти, само во текот на вчерашниот ден во Сирија биле убиени 74 лица. Меѓу загинатите се и една американска новинарка и фотограф од Франција. Владата во Париз за смртта на двајцата репортери ги обвини сириските власти. „Дамаск ни‘ должи одговор“, изјави францускиот министер за надворешни работи Ален Жипе. Тој, според агенцијата АФП, уште еднаш побарал безбедносен коридор за да им се пружи помош на повредените со поддршка на Црвениот крст.

Автор: ЕМФ/ дпа/ дв

Редактор: А. Трајковска