1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

ОН и Сирија договорија правила за ангажманот на набљудувачите

СН/ЕМФ/дпа/дапд/миа19 април 2012

Обединетите нации и сириската влада потпишаа договор за правилата на ангажманот на набљудувачи на светската организација во Сирија.

https://p.dw.com/p/14h5c
Фотографија: AP

Во договорот се опфатени функциите на набљудувачите, како и со тоа поврзаните задачи и обврски на сириската влада, изјави портпарол на Кофи Анан во Женева. Соработници на специјалниот пратеник на ОН и на Арапската лига за Сирија, Кофи Анан во моментов водат соодветни разговори со претставници на опозицијата. Претходно, генералниот секретар на ОН Бан Ки Мун ја обвини Сирија, дека не ги исполнува целосно ветувањата дадени за мировниот план. Повлекувањето на војниците и тешкото оружје од градовите досега не е целосно спроведено, стои во писмото на Бан до Советот за безбедност на ОН. Бан притоа заклучува и дека бројот на насилни инциденти значително е зголемен. Пртседателот Асад и опозицијата дадоа ветувања дека ќе се придржуваат до мировниот план на ОН. Генералниот секретар му препорача на Советот за безбедност да одобри испраќање на 300 набљудувачи во Сирија.

Саркози: Асад лаже бесрамно

Францускиот претседател Никола Саркози изјави денеска дека единственото решение за кризата во Сирија е создавање хуманитарни коридори, по кои ќе стигне помош за опонентите на претседателот Башар ал-Асад.

Nicolas Sarkozy
Никола СаркозиФотографија: dapd

На маргините на средбата на министрите за надворешни работи на петнаесет земји, Саркози изрази уверување дека Кина и Русија ќе ја повлечат поддршката за Дамаск, ако меѓународната заедница изрази единство.

„Башар ал-Асад лаже бесрамно. Тој сака да го избрише Хомс од картата, исто како што Гадафи сакаше да го уништи Бенгази“, рече Саркози.

Според него, решението е созавање на хуманитарни коридори, за да може опозицијата во Сирија да продолжи да живее.

Британскиот министер за надворешни работи Вилијам Хејг, во исто време, во Брисел изјави дека Русија треба да изврши притисок над режимот на сирискиот претседател Башар ал-Асад да го исполни планот на ОН за прекин на огнот.