1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

ОН - Иран

21 март 2007
https://p.dw.com/p/AgLq

Индонезија, Катар и Јужна Африка предложија амандмани за предлог-резолуцијата на Советот за безбедност на ОН околу спорната атомска програма на Иран. Предлозите ги разгледаа членките на Советот за време на неформална средба во Њујорк. Денеска пак највисокото безбедносно тело на ОН ќе започне официјални консултации околу предлог резолуцијата на петте земји постојани членки на Советот и Германија. Тој предвидува заострени санкции против Иран, бидејќи раководството во Техеран и натаму одбива да го запре збогатувањето ураниум.