1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

ОН за Косово

3 април 2007
https://p.dw.com/p/AgHR

Денеска во Советот за безбедност на ОН ќе се дискутира

за планот на специјалниот пратеник Марти Ахтисари за идниот статус на Косово,кој предвидува надгледувана независност на покраината.

Решението на статусот на Косово е во интерес на стабилноста на Балкан и Европа,изјави вчера во Приштина генералниот секретар на Алијансата Јаап де Хоп Шефер.

Помошникот државен секретар на САД Даниел Фрид ги повика земјите од ЕУ да се усогласат во поддршката на планот на Ахтисари за надгледувана независност на Косово или да се соочат со избивање насилство во покраината,зашто состојбата на статус кво таму веќе е неодржлива.