1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

ОН го обвинуваат Асад за кампања на терор

АТ/ дпа/ епд/ кна19 декември 2013

ОН го обвинуваат режимот на Асад за осoбeно перфидна воена тактика: Систематско исчезнување на луѓе во Сирија. Ова било злосторство против човештвото. Истовремено се забележуваат и заложништва од страна на бунтовниците.

https://p.dw.com/p/1AdJy
Фотографија: picture-alliance/dpa

Киднапирањето и исчезнувањето на луѓе било „дело на широко распространета терористичка кампања“ на режимот на претседателот Башар ел Асад против сириското цивилно население, се вели во еден извештај на Истражната комисија за Сирија на Советот за човекови права на ОН во Женева. Многу работи укажуваат на тоа дека ова претставувало „злосторство против човештвото“.

Илјадници членови на семејства живееле во неизвесност за судбината на нивните исчезнати роднини, се вели во извештајот. Режимот со ваквата воена тактика свесно создавал клима на страв. Киднапираните честопати биле држани во изолационен затвор и биле измачувани.

Истражителите исто така забележуваат дека бунтовниците земале сѐ повеќе заложници. Сторителите со тоа сакале да изнудат ослободување на нивните истомисленици од затворите или да добијат пари. Меѓу жртвите на бунтовниците има и странци, на пример новинари. Земањето заложници е воено злосторство, нагласува Комисијата.

Советот за човекови права на ОН ја формираше Комисијата во 2011 година со цел да го истражува конфликтот во Сирија. Во граѓанската војна досега се убиени многу повеќе од 100.000 луѓе. Според ОН од почетокот на конфликтот во март 2011 година повеќе од 2,3 милиони луѓе пребегаа во соседните земји.

Комесарот за човекови права на Советот на Европа Нилс Мужниекс ги повика европските земји да пружат поголема помош за сириските бегалци.