1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

ОМД бара на Самитот на ЕУ да се одреди датум за преговори со Македонија

СН/бг/миа17 декември 2013

Доколку Грција,која го презема претседателството со ЕУ дозволи да се одреди датум за преговори со Македонија,оваа земја ќе одигра значајна улога за стабилноста во регионот“,порачуваат од Обединетата македонска дијаспора

https://p.dw.com/p/1AaoO
Фотографија: AP

Обединетата македонска дијаспора (ОМД) го повика Европскиот Совет да одреди датум за преговори на Самитот што ќе се одржи во четврток (19-ти декември) во Брисел. Според соопштението испратено од ОМД, Македонија е кандидат за членство од 2005 година и ги исполнува сите услови за да започне со преговори. “Земајќи ги предвид тешкотиите со кои Македонија се соочи во последните две децении, државата сепак успеа да ја зајакне економијата, демократијата и правниот систем”, порачуваат од македонската дијаспора.

„ОМД го повикува Европскиот совет да одреди датум за преговори почнувајќи најрано во јануари 2014-та година. Грција ќе го превземе претседателството на Европската Унија следниот месец, десет години откако ја предводи Солунската Агенда чија цел беше да го интегрира Западниот Балкан во Унијата до 2014 година. Доколку Грција дозволи да се одреди датум за преговори, оваа земја ќе одигра значајна улога за стабилноста во регионот“. порачуваат од ОМД.

Иако Европската Комисија соопшти дека Македонија треба да се подобри во полето на слобода на медиумите, владеење на правото и јавната администрација, од македонската дијаспора велат дека на државата и треба датум за преговори за да добие сила да ги спроведе потребните реформи.

„ОМД исто така нагласува дека потребна е поголема соработка со соседните земји со цел да се подобрат добрососедските односи. Но, таква соработка се основа на реципроцитет, взаемна почит и разбирање. Поточно, реципроцитет се бара во полето на заштитата и признавањето на националните и јазични малцинства во соседните земји на Македонија. Таквото признавање значително ќе ги подобри добрососедските односи во регионот “, се вели на крајот од соопштението на ОМД.