1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Олмерт ќе преговара за мир

30 март 2007
https://p.dw.com/p/AgIg

Израелскиот премиер Ехуд Олмерт изјави дека е подготвен на разговори со арапските земји околу нивниот план за мирно решение на блискоисточниот конфликт, кој го оценува како позитивен момент во идните преговори. Во интервју за израелски весник, Олмерт изјави оти очекува мирот со палестинците да биде постигнат за пет години, но отфрли каква била можност за враќање на палестинските бегалци. Мировниот план инаку предвидува признавање на државата Израел ако израелската војска се повлече од палестинските територии окупирани во 1967 година. Германската канцеларка Ангела Меркел, која утре заминува на турнеја на Блискиот исток, го поздрави планот како позитивен сигнал