Олмерт предизвика турбуленции
13 декември 2006Со својот предлог,заживување на Квартетот за Блискиот исток,германскиот канцелар Ангела Меркел наиде на отворени врати кај израелскиот премиер,зашто и тој принципите на четворката :САД,Русија,ОН и ЕУ ги гледа како предуслови:
-Признавањето на правоот на постоење на Израел,одбивањето на сите форми на терор и насилство и прифаќањето на резултатите од преговорите,кои се постигнати порано,наведе Меркел.
Врз овие основи се можни преговори,рече Олмерт:
-Веруваме дека постои вистинска шанса за дијалог со Палестинците.Не е тајна дека континуирано контактираме со автономните палестински власти и палестинскиот претседател Абас.Сакаме да водиме преговори врз основа на принципите на квартетот за Блискиот исток.
Олмерт гледа стагнација во разговорите околу иранската нуклеарна програма.Израел се чувствува непосредно загрозен од иранските нуклеарни амбиции и од ЕУ бара да изврши поголем притисок врз Техеран.Со Ангела Меркел беа единствени:Советот за безбедност сега треба да посегне кон санкции.Израелскиот премиер самиот предизвика бранувања со интервјуто за германската телевизија во кое навести дека Израел поседува атомско оружје,со што ја начна табу темата.Во присуство на Меркел,тој појасни:
-Сосема јасно реков:Израел нема да биде првата земја на Блискиот исток која поседува атомско оружје.