Олмерт подготвен за разговори со Абас
25 мај 2006Израелскиот премиер нагласи дека палестинската власт предводена од Хамас мора да се откаже од тероризмот, да ја разбие терористичката инфраструктура и да го признае правото на постоење на Израел:
„Визијата на Ариел Шарон ме предводи во мојата тработа, од тука на подиумот, му подавам рака во мир на Махмуд Абас, избраниот претседател на палестинската управа„ рече Олмерт
„ Ние народот во Израел со болка научивме да ја промениме нашата перспектива. Мораме да направиме компромис во името на мирот, да се откажеме од делови од ветената земја, во која секој рид или долина е посеан со еврејска историја. Каде се погребани нашите херои. Мораме да се откажеме од дел од нашиот сон, за да оставиме простор за сонот на другите, за сите ние да уживаме подобра иднина„
Инаку израелскиот премиер уште вчера по разговорите со американскиот претседател Џорџ Буш изрази подготвеност за средба со Махмуд Абас. Во обраќањето пред преставниците на двата дома на конгресот Ехуд Олмерт ја поздрави поддршката од страна на САД за кои смета дека се клучен играч во решавањето на блискоисточниот мировен процес. Во меѓувреме агенциите јавуваат дека двете спротивставени страни, Фатах и Хамас во Рамалах одржуваат кризни разговори за надминување на проблемот кој се заканува да ескалира. Премиерот Исмаил Ханија според информациите ќе остане во градот Газа а на таканаречениот национален дијалог ќе учествува по пат на видеоврска.