1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Олмерт и Ливни отпатуваа на конференцијата во САД

Milosevska-Fidanoska, Elizabeta25 ноември 2007
https://p.dw.com/p/CSsT

Израелскиот премиер, Ехуд Олмерт и министерката за надворешни работи, Ципи Ливни отпатуваа на меѓународната конференција за Блискиот исток во САД. Непосредно пред полетувањето Олмерт изрази надеж дека советувањата во американската сојузна држава, Мериленд, кои почнуваат во вторник, ќе бидат почеток на сериозни преговори за сите суштински прашања меѓу Израелците и Палестинците. Целта е две држави за двата народи. Заедничка изјава, која би послужила како основа за преговорите за мир на Блискиот исток, први по седум години, сеуште нема. Советниците на Олмерт и на палестинскиот претседател Махмуд Абас изјавија дека на таква изјава сеуште се работи.