Олмерт и Абас на средба во Јерихон
6 август 2007Реклама
Израелскиот премиер Ехуд Олмерт и палестинскиот претседател Махмуд Абас денес се среќаваат во местото Јерихон. Ова е прва посета на изрелски премиер на палестински град по седум години. Целта на разговорите е да се пронајде начин како да се постигне прогрес меѓу израелско палестинските преговори пред претстојната конференција за мир којашто во ноември ќе се одржи во Вашингтон.