Олмерт и Абас на нови разговори
16 јули 2007Реклама
Израелскиот премиер, Ехуд Олмерт, денеска во Ерусалим води разговори со палестинскиот претседател, Махмуд Абас. Цел на Олмерт е да му даде поддршка на Абас во борбата за моќ со радикално-исламскиот Хамас. Претседателот на преодната палестинска влада Салам Фајед го повика Израел на обнова на мировните преговори. Би било погрешно Израел да се концентрира само на прашањето за ослободување на заробените Палестинци, или ослободување на финансиската помош, изјави Фајад во Рамала.