Олмерт и Абас на нови разговори
16 јули 2007Реклама
Претседателот на преодната палестинска влада Салам Фајед го повика Израел на обнова на мировните преговори. Би било погрешно да се занимава само со актуелните прашања за ослободување на заробените палестинци, или ослободување на финансиската помош, изјави Фајад во Рамала. Израелскиот премиер Ехуд Олмерт и палестинскиот претседател Махмуд Абас денеска во Ерусалим ќе разговараат околу израелскиот план за поддршка на палестинските власти на Западниот брег. Како прв чекор, израелската страна најави дека ќе ги запре нападите против 180 борци на Фатах, доколку тие се согласат да ги запрат нападите врз еврејската држава. Инаку израелскиот претседател Шимон Перез најави дека за време на неговиот мандат ќе работи за мир во регионот.