1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Олмерт го повика Асад на преговори

10 јули 2007

*

https://p.dw.com/p/BEIJ

Израелскиот премиер Ехуд Олмерт го повика сирискиот претседател Башар Ел Асад на обнова на мировните преговори. Асад може да го одбере местото на средбата, рече Олмерт во обраќањето на телевизијата Ал Арабија. Последната рунда израелско – сириски преговори беше во март 2000. Тогаш не можеа да се договорат околу евентуалното повлекување на Израел од Голанската висорамнина, кое е клучно за мировен договор.