1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Оли Рен: „Mожен датум за преговори уште оваа година“

Тони Гламчевски24 март 2009

Брисел задоволен од изборите во Македонија, со порака дека таа реално може да очекува препорака за старт на преговори со Европската Унија до крајот од годинава. Сепак, решавачки ќе биде вториот круг од изборите.

https://p.dw.com/p/HIL7
Оли Рен: Нашата порака е добро разбранаФотографија: dpa

Претставниците на Европската Унија изразуваат задоволство и охрабрување од фактот што оценките на меѓународните и националните набљудувачи и организации потврдуваат дека првиот круг на локалните и претседателските избори во Македонија ги исполнија повеќето од меѓународните стандарди и го овозможија слободното изразување на волјата на граѓаните.

Во последниве неколу месеци ЕУ инсистираше на важноста на овие избори за европската иднината на земјата. Го следев вчерашното одржување на првиот круг и видов дека нашата порака е мошне добро разбрана. Граѓаните ја искористија можноста да го спроведат своето демократско право, да го дадат својот глас“ – рече европскиот комесар за проширување, Оли Рен.

Тој притоа нагласи дека државните институции одиграа важна улога во обезбедување на најдобри услови за гласање, меѓу кои и напорите да го достават изборниот материјал до повеќето гласачки места, и покрај лошите временски услови. „Се разбира, првиот круг е само прво полувреме на овој изборен процес. Завршницата ќе биде за две недели и јас очекувам фер-игра“, изјави еврокомесарот Рен. Тој испрати повик до сите политички лидери и до државните институции, да ги преземат сите обврски и да овозможат вториот круг од гласањето на 5-ти април исто така да биде во согласност со меѓународните стандарди.

Мора да се спроведат и другите обврски

Mazedonien Wahlen 2009
Меѓународниот фактор задоволен од изборниот процес во првиот кругФотографија: AP

Според Рен, изборите не смеат да се сметаат за завршени и потребна е голема решителност и истрајност за да се обезбедат слободни и фер избори. Нагласувајќи дека патот кон ЕУ поминува преку нив, Рен не ја исклучи можноста Македонија да се стекне со датум за почеток на преговорите уште оваа година. „Мислам дека постојат реални шанси да се достигнат и другите патокази, за во текот на оваа година да ги рефлектираме препораките за почнување на разговори за членство. Следен чекор е 5-ти април, а потоа да се спроведат и другите препораки“, рече Оли Рен.

А останатите препораки, покрај организирањето на демократски избори се: спроведување на дело на сите обврски преземени со Спогодбата за асоцијација и стабилизација; дијалог меѓу политичките партии; имплементација на Законот за полиција; законодавството за антикорупција; реформата на судството и јавната администрација; преземање мерки за вработување и подобрување на деловната средината.

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема

Повеќе на оваа тема