1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Оли Рен во Сараево

16 март 2007
https://p.dw.com/p/AgNg

Еврокомесарот за проширување Оли Рен денеска во Сараево изрази загриженост и разочараност заради неуспешно реализираниот план за реформа на полицијата во БиХ и бавниот процес на реформи. Рен порача дека без исполнување обврските меѓу кои е и онаа за целосна соработка со Хашкиот трибунал БиХ неможе да потпише договор за стабилизација и асоцијација со ЕУ. Оли Рен предупреди дека нефункционирањето на владата е штетна за напредокот на земјата. Во Сараево допатува и генералниот секретар на НАТО Јаап де Хоп Шефер кој претпладнево во Подгорица изјави дека Алијансата ќе и пружи поддршка на Црна Гора во реформите на армијата.